Новости

Втора средба на Националната работна група за реформа на јавната администрација

Институтот за европска политика ја одржа втората средба на Националната работна група (НРГ) на 27 октомври, во хотел „Буши“. Националните работни групи се формирани како консултативен механизам за учество на граѓанското општество во дијалогот со релевантните јавни власти за дефинирање и следење на процесите за реформа на јавната администрација (РЈА). НРГ во Македонија е дел од поширокиот консултативен механизам за дијалог за реформата на јавната администрација во рамките на Платформата ВеБЕР основана во Подгорица, во ноември 2016 година.

Координатори на НРГ во Македонија:

  • ● Институт за европска политика – Скопје (ЕПИ)
  • ● Центар за управување со промени (ЦУП)
  • ● Институт за развој на заедницата (ИРЗ)
  • ● Зенит - Асоцијација за развојни иницијативи

Членови на НРГ во Македонија

  • ● Дом на култура Кочо Рацин - Скопје
  • ● ЕВРОТИНК – Центар за европска стратегија
  • ● Здружение за поттикнување на економскиот и културниот развој Соработка - Битола
  • ● Импакт – Институт за истражување
  • ● Мак – Лидер Скопје
  • ● Македонска платформа против сиромаштија (МППС)
  • ● Младински совет Охрид
  • ● Мултикултура
  • ● НВО КХАМ Делчево
  • ● Профицио – мултиетничка толеранција преку економски просперитет
  • ● Фондација Отворено општество - Македонија
  • ● Центар за развој на општеството Милениум
  • ● Центар за развој на ромската заедница – Баирска Светлина