Новости

Конференција: Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0

Институтот за европска политика во петок ќе ја одржи годишната конференција на #ForumEuropaeum, насловена „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0: преиспитување на очекувањата, реалноста и можностите“.

Цел на конференцијата:

Целта на конференцијата е да поттикне отворена и конструктивна дискусија помеѓу институционалните и вонинституционалните чинители за моменталната политичка ситуација во Македонија. Новата влада се заложи одново да зачекори кон европската интеграција и да ги подобри односите со соседите, користејќи ја билатералната соработка како алатка.

Сепак, владата се наоѓа во сложена ситуација, балансирајќи помеѓу придржувањето кон европските стандарди, чувствителниот регионален контекст и потребата да се усвојат суштински реформи и стратегии. Имајќи го ова предвид, дискусијата ќе се фокусира на алатките кои ќе можат да трасираат нови и одржливи решенија, кои ќе ги искоренат длабоко вкоренетите системски проблеми. 

Каде, кога:

Конференцијата ќе се одржи на 29 септември 2017 (петок) во хотелот Холидеј Ин, со почеток од 12:30.

Задолжителна е претходна најава на присуството, преку мејл на contact@epi.org.mk или +3892 3 280 110 до среда, 27 септември 2017.

Дневен ред:

12:30 – 13:00     Регистрација на учесници и изјава за медиуми
13:00 – 13:15     Воведни обраќања

● Д-р Симонида Кацарска, директорка, ЕПИ

13:15 – 14:45     Прва сесија: "Македонија и Европската Унија – втора шанса"

  • ● Радмила Шекеринска, заменик претседател на Владата на РМ и министерка за одбрана
  • ● Д-р Антоанета Димитрова, вонредна професорка на Универзитетот во Лајден
  • ● Никола Попоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи
  • ● Dr. Adam Fagan, професор, раководител на катедра, Queen Mary University
  • ● Д-р Малинка Ристевска Јорданова, ЕПИ


Модераторка: Dr. Ardita Abazi Imeri, ЕПИ

14:45 – 15:00     Кафе пауза
15:00 – 16:15     Втора сесија: “Нова влада, нов добрососедски инжињеринг - колку одржливо?”

  • ● Dr. Fatmir Besimi, поранешен заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања
  • ● Јулијана Николова, Центар за модернизација на политики, Софија
  • ● Tobias Flessenkemper, виш научен соработник и директор на одделот за проекти на Балканот во Европскиот институт CIFE, Ница
  • ● Димитар Белчев, поранешен дипломат
  • Сашо Клековски, независен консултант


Модератор: Александар Јованоски, ЕПИ

16:15 – 16:30     Заклучоци: Arbenita Ismani Sakipi, претседателка на Собранието на ЕПИ
16:30 – 17:00     Коктел

  • Дневен ред: Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0 [.pdf 473KB]