Новости

Пет организации ќе ги следат реформите во јавната администрација на локално ниво

Институтот за европска политика го спроведува регионалниот проект за граѓанско учество во следењето на реформите во јавната администрација - ВеБЕР, заедно со партнерите од регионалната мрежа TEN - Think for Europe Network. Проектот е финансиран од Европската Унија, и ко-финансиран од Кралството Холандија. 

Во рамките на проектот беше отворен повик за мали грантови за граѓански организации кои ќе ги следат реформите на јавната администрација на локално ниво. Во продолжение се граѓанските организации кои беа одбрани како грантисти во Македонија, како и кратка презентација на нивните проекти.

6-та Ѕвезда: Дописна мрежа – серија истражувачки стории и медиумска промоција за отчетност на единиците на локална само управа (ЕЛС)

Цел: Подигање на свеста во ЕЛС за правото на пристап до јавни инфромации и неопходноста од отчетност на институциите, изразена преку навремен рок за добивање на информации по барање на надворешни чинители, но и преку зголемување на квалитетот и квантитетот на информации од јавен карактер достапни преку службените канали на локалната администација.

Кој: 6-та Ѕвезда, граѓанска организација основана во 2006 година. Визијата и мисијата на организацијата е преку унапредување на општествените процеси во Македонија, во областите на човековите права, социјалната заштита, енергетската ефикасност, преку зголемување на информатичката писменост, комуникација и култура да придонесе кон градење на општество и здрава животна средина и да ги зајакне капацитетите на граѓаните да се изборат за своето место како највисоката точка на приоритетите во системот.

Активности:
● Ангажирање на дописната мрежа;
● Рабoтилница/обука за начелата на отчетност;
● Мапирање на праксите за споредување на начелата за отчетност во ЕЛС;
● Изработка и објавување на 16 стории;
● Дневно известување за ад-хок настани и вести;
● Интерактивна комуникација со читателите;
● Превод на текстовите на албански јазик;
● Управување со социјалните мрежи;
● Финален експертски извештај и негова промоција. 

Асоцијација за развојни иницијативи - Зенит: Кон поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните – мониторинг на даночната администрација во Град Скопје

Цел: Целта на проектот е да го поттикне квалитетот, достапоноста и правичноста на услугите за даночно администрирање на локално ниво, вклучително и на системот за е-даноци.

Кој: Мисијата на Асоцијација за развојни иницијативи - Зенит е да истражува, развива и промовира практики за развој и демократско владеење. Активностите на Зенит се ориентирани кон остварување на стратешките цели поставени во трите програмски области: ЕУ интеграции, демократско владеење и иновативни јавни политики.

Активности:
● Дефинирање на методологијата за мониторинг на квалитетот и достапноста на јавните услуги;
● Истражување на секундарни извори на податоци;
● Спроведување на интервјуа со претставници на градот Скопје и останати чинители;
● Подготвување на мониторинг извештај;
● Промотивен настан.

FINANCE THINK: Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки

Цел: Целта на проектот е зголемување на вклученоста на надворешните чинители (граѓани, граѓански организации и локални медиуми) во процесите на креирање и мониторинг на локалните буџети и јавните набавки.

Кој: FINANCE THINK е непрофитен институт за економско истражување и политики, формиран во 2012 година. Мисијата на ФТ е да го подобри влијанието на економските и социјалните трендови и политики врз граѓаните во Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и водено од податоци, и поттикнување критичка дебата за економските процеси.

Активности:
● Анализа на постоечките буџетски документи, практики и граѓанско вклучување;
● Креирање препораки за носителите на политики;
● Градење капацитети за спроведување и следење на локалните јавни набавки;
● Активности за застапување во јавноста.

Форум – Центар за стратешки истражувања и документација: Зајакнување на влијанието на граѓаните при одредување на приоритетите на ЕЛС

Цел: Да се воспостави синергија помеѓу едниците на локалната самоуправа (ЕЛС) и граѓанските организации. Воедно, да се подигне капацитетот на граѓанскиот сектор, месните и урбаните заедници и медиумите тие да влијаат ЕЛС да станат простор за иницијативи и активизам, каде граѓаните, месните и урбаните заедници, медиумите и бизнис секторот заеднички и транспарентно со локалната администрација ќе ги одредуват приоритетите и заеднички ќе решават кои се најгорливите прашања на локалната заедница.

Кој: Форум – Центар за стратешки истражувања и документација е организација основана со цел да се вклучи во развојот на демократијата, поддршката на човековите права и меѓуетничките односи и да помогне во креирање на националните политики во сите сфери на општественото живеење и создавање услови за евроатлански интеграции.

Активности:
● Деск истражување (анализа на планови за ЛЕР во изминатите две години со анализа на случај во секоја општина);
● Теренско истражување (интервјуа со граѓаните, ЕЛС, НВО месни и урбани заеднци, медиуми и бизнис сектор);
● Работилници;
● Објавување на Прирачник со алатки за вклучување на граѓаните во процесите на одредување на приротети за решавање на горливите проблеми и трошење јавни пари.
● Објавување на истражувачки стории во локални медиуми.

Импакт - Институт за истражување: Компаративна анализа и препораки за унапредување на воспоставените практики на надворешната консултација при креирањето политики во единиците на локална самоуправа од Југоисточниот плански регион во Македонија

Цел: Целта на овој проект е подобрување на процесите на надворешна консултација при креирањето локални политки во единиците на локална самоуправа (ЕЛС) од Југоисточниот плански регион (ЈИПР) вo Македонија, преку компаративна анализа на досегашните пракси, заемно учење помеѓу ЕЛС и креирање препораки за локалните институции, граѓанското општество и граѓаните.

Кој: Импакт - Институт за истражување е здружение на граѓан(к)и основано во 2014 година во Скопје од страна на група истражувач(к)и. Импакт се фокусира на истражување, имплементација и промоција на проекти за унапредување на демократското управување, намалување на нееднаквоста во општеството и подобрување на истражувачките капацитети во областа на општествените науки.

Активности:
● Истражување на секундарни извори на податоци;
● Спроведување на десет фокус групи во општините од ЈИПР и интервјуа со градоначалници;
● Изработка на студија за ефективна надворешна консултација на локално ниво;
● Евалуација на студија од страна на претставниците од ЕЛС;
● Конференција за презентација на студија и промовирање на важноста и начините на надворешна консултација во креирањето политики на локално ниво.