Новости

Јавна расправа во Националниот совет за евроинтеграции за искористеноста на ЕУ фондовите

 

Со цел да се унапреди парламентарната вклученост во следење на користењето на средствата од фондовитe на ЕУ, Институтот за европска политика започна со реализација на повеќегодишна програма “Следење на ИПА “ во чии рамки преку издржани истражувања базирани на факти има за цел да ја поттикне јавната дебата и да даде конкретни препораки кои ќе придонесат за зголемена ефикасност во користењето на европските фондови.

Во рамките на оваа програма, Институтот за европска политика во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје спроведе истражување за користeњето на фондовите на ЕУ во Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Македонија (ИПА), нивното влијание, како и проценка на апсорпционите капацитети на Република Македонија.

Со намера да се произведе квалитетна студија, беше распишан повик до сите заинтересирани истражувачи во Македонија со соодветно истражувачко искуство во дадената област да се пријават со своја предлог студија која ќе се однесува на одреден сегмент или конкретен проблем во рамките на една компонента од петте ИПА компоненти (I.Транзициска помош и институционална надградба, II. Прекугранична соработка, III. Регионален развој, IV. Развој на човечки ресурси, V. Рурален развој), или која ќе ги анализира апсорпционите капацитети на земјата.

Вкупно беа доставени дванаесет предлози, од кои беа избрани шест предлог студии според однапред дефинирани критериуми на селекција и според релевантноста на предлогот. 

Во текот на подготовката беше овозможено менторство и соработка со двајца странски експерти во оваа проблематика, проф. Мојмир Мрак од Универзитетот од Љубљана, Република Словенија и консултатант од Центарот за економски и социјални анализи од Братислава, Република Словачка.