Новости

Мислење за Нацрт-стратегијата за реформа на јавната администрација

Институтот за европска политика го испрати своето мислење за Стратегијата за реформа на јавната администрација до Министерството за информатичко општество и администрација, по повод дискусијата за нацрт-стратегијата.

Сметаме дека МИОА треба да започне нов пристап во изготвувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација. Сегашниот нацрт документ не содржи критичка анализа на моменталните состојби во јавната администрација, не нуди финансиски параметри за јавниот сектор, ниту пак е усогласена со основните определби на новата Влада.

Оттука, препорачуваме Владата да донесе акциски документ за пократок период со мерки од пократкорочен и итен карактер (и оние кои произлегуваат од Итните реформски приоритети), а во меѓувреме да се пристапи кон изготвување на основните анализи и изготвување на Стратегијата.

Целосното мислење на ЕПИ е во документот на линкот.

  • ЕПИ Мислење за Стратегијата за јавна администрација - јули 2017 [.pdf 802KB]