Новости

Две години од извештајот на Прибе: нова влада, нови можности и предизвици за решавање на стари проблеми

Во пресрет на доаѓањето на комесарот Јоханес Хан во Македонија, Институтот за европска политика објавува краток документ за јавна политика во кој се содржани препораки за имплементација на Итните реформски приоритети.

Документот се наоѓа на линкот: (1) Извештајот на Прибе две години подоцна: нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми.

Дополнително, ЕПИ го објавува и прегледот на досегашната имплементација на Итните реформски приоритети, заклучно со јуни. Прегледот се основа на редовното следење на Итните реформски приоритети од Мрежа 23.

Прегледот се наоѓа на линкот: (2) Статус на имплементација на Итните реформски приоритети - мај 2017