Новости

Дискусија на Др. Шерил Штрошхајн со претставници на ГО

Професорката Др. Шерил Штрошхајн од Универзитетскиот колеџ во Лондон беше во посета на Институтот за европска политика, каде одржа дискусија со претставници од граѓански организации на тема „Партиите и локалната политика во етничките енклави“. Др. Шерил Штрошхајн во моментов работи на истражување на темата во Република Македонија, а мислењата на претставниците на локалните граѓански организации беа од значење за истражувањето.

За време на дискусијата беше презентирана нејзината досегашна работа работа во областа на етничките прашања, вклучувајќи ги партиите и локалната политика во етничките енклави во градовите со унгарско мнозинство во Романија и Словачка.

Дискусијата се одржа на 6 јуни 2017 година.