Новости

Работилница за финансиски и административен менаџмент за граѓански организации

Од 29 до 30 мај се одржува работилница за финансиски и административен менаџмент, наменета за граѓанските организации кои се дел од механизмот за мали грантови од проектот ВеБЕР.

Граѓанските организации кои се одбрани да бидат дел од следењето на реформите во Македонија се:

  • 1. FINANCE THINK – Институт за економско истражување и политики 
  • 2. Импакт – Институт за истражување
  • 3. Здружение Форум Центар за стратешки истражувања и документација
  • 4. Здружение на граѓани 6-та Ѕвезда
  • 5. Здружение за развојни иницијативи - Зенит

ВеБЕР е регионален проект кој има за цел граѓанско учество и следење на реформите во јавната администрација во Западниот Балкан, поддржан од Европската Унија и Кралството Холандија. www.par-monitor.org