Новости

Волонтерскa позициja во Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ)

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер за поддршка на проектите кои се во процес на спроведување. Огласот е отворен до 07.06.2017 година.

Времетраењето на ангажманот е предвидено до 3 месеци во зависност од динамиката на реализацијата на предвидените активности. Компензацијата се врши согласно Законот за волонтери.

Како услови за волонтирање ЕПИ го наведува следново:

  • ● Завршени додипломски студии (правни, политички, економски науки);
  • ● Солидно познавање на англискиот јазик; се претпочита познавањето на албанскиот јазик;
  • ● Солидно познавање на Microsoft Office (особено работа со Excel);
  • ● Способност за работа и функционирање во тим.
  •  

ЕПИ на своите волонтери им нуди стимулирачка средина за надградување на нивните знаења за европските прашања и спроведување на ЕУ проекти преку нивно вклучување во сите активности на Институтот и менторство во текот на нивното волонтерство.

Аплицирајте преку испраќање на резиме и мотивационо писмо на следнaтa електронскa адресa: vaska.ristovska@epi.org.mk