Новости

Следи(ме) реформи! - Градење на капацитети за следење на реформи во јавната администрација

Започна семинарот за градење на капацитетите на граѓанските организации за јавни политики и следење на реформите во јавната администрација. Граѓанските организации од Македонија денес имаа предавање од Корина Стратулат, експерт за создавање и следење на јавни политики од European Policy Centre во Брисел, за реформите во јавната администрација.

Семинарот е наменет за Националните работни групи кои ќе ја предлагаат политики и ќе ја следат реформата на јавната администрација. Во Националните работни групи учествуваат:

  • Мултикултура
  • Центар за развој на ромската заедница „Баирска Светлина“
  • Дом на Култура „Кочо Рацин“ Скопје
  • ЕВРОТИНК - Центар за европска стратегија
  • Мак - Лидер Скопје
  • Профицио - мултиетничка толеранција преку економски просперитет
  • Фондација Отворено Општество - Македонија
  • Македонска платфрома против сиромаштија (МППС)
  • НВО ,,КХАМ Делчево“
  • Импакт - Институт за истражување
  • Здружение за поттикнување на економскиот и културниот развој „СОРАБОТКА“ Битола
  • Центар за развој на општеството Милениум
  • Центар за управување со промени
  • Институт за развој на заедници
  • Асоцијација за развојни иницијативи Зенит
  • Аналитика
  • Редакција Сакам да кажам
  • ФОРУМ - Центар за стратегиски истражувања и документација
  •  

Семинарот се одржува од 8 до 11 мај.

Фото галерија.

Овој настан се одржува преку проектот #EU_WeBER, од TEN - Think for Europe Network мрежата, финансиран од Embassy of the Netherlands in Serbia and in Montenegro Embassy of the Netherlands in Macedonia и Европската Унија. 

Веб страна на проектот: www.par-monitor.org

Линк: https://www.facebook.com/EPI.Skopje/photos/?tab=album&album_id=1373146902777097