Новости

Силна осуда за вчерашните насилства во Собранието на Република Македонија

Силна осуда за вчерашните насилства во Собранието на Република Македонија

Најостро ги осудуваме сите насилни методи на решавaње на несогласувањата. Одговорните за вчерашните настани треба веднаш да се идентификуваат и да понесат одговороност. Изразуваме целосна поддршка на парламентарното мнозинство да обезбеди работење на Собранието согласно изразената волја на парламентарните избори и да пристапи кон формирање Влада. Ова е единствен начин кој ќе го отвори патот кон ново демократско владеење во Република Македонија.

Повикуваме на смиреност, но и решителност во борбата за враќање на демократијата и правото во Република Македонија.

Заедничка изјава на Институтот за европска политика - Скопје, Институтот за демократија Социетас Цивилис - Скопје и Центарот за економски анализи.