Новости

Европска унија - кон економска унија или кон СЕД?

На 1 март Жан Клод Jункер, претседателот на Европската Комисија, ја презентираше „белата книга“ на ЕК, во која се предвидуваат 5 сценарија за иднината на ЕУ. Овој извештај е обид да се поттикне дебата за тоа во која насока сака да оди Европа од 2025 по неочекуваната одлука на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Фокусот на овој документ е насочен кон идниот развој на внатрешните состојби на Унијата помеѓу постоечките земји членки, додека проширувањето не е директна тема на белата книга. Сепак, се обидовме да анализираме како секое од сценаријата би влијаеле на нашите преговори за пристапување кон европското семејство, како европските политики би се развивале и каков ефект би имале тие на домашните политики.

  • Европска унија - кон економска унија или кон „Соединети европски држави“ [.pdf 3842KB]