Новости

Справување со препреките: Ромите на македонските граници

Во Скопје се одржа завршна конференција од проектот „Справување со препреките – Ромите на македонските граници“, на која се презентираа наодите од истражувањата. Проектот се осврнува на повеќеслојна анализа на проблемот со Ромите вратени од граничните премини во Република Македонија.

За подобро разбирање на проблемот, ЕПИ создаде информативно видео: Што се случува со Ромите на македонските гранични премини?

Во рамките на проектот беа изготвени:

  1. Основна студија: Ромите на македонските граници
  2. Документ за јавна политика: Ромите во безвизниот режим
  3. Анализа: Право на еднаквост и слобода на движење на границите: Искуства од давање на правна помош
  4. Анализа: Живот до граница: Известување на македонските медиуми за Ромите и визната либерализација

 

На настанот исто така се изложија активностите кои дадоа придонес околу поимањето на проблемот со миграцијата на Ромите и забраната да се помине границата, како последица на визната либерализација. Исто така, се изложија и активностите за застапување за промена на јавните политики и промена на јавниот дискурс околу проблемот со враќањето на Ромите од граничните премини.

Настанот се одржа на 27 февруари 2017 во Јавна соба. Проектот е финансиран од Тинк Тенк Фондот и Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено Општество.