Новости

Ромите во безвизниот режим

Визната либерализација од 2009 година донесе многу предизвици, како за Република Македонија, така и за поразвиените земји членки на ЕУ, кои беа најзасегнати од напливот на потенцијални баратели на азил од земјава. Поради ова, Македонија се соочи со закана од страна на институциите на ЕУ за суспендирање на визната либерализација, доколку не успее да ги одврати своите граѓани, кои се претежно од ромска националност, да бараат азил во ЕУ.

Со цел да се спречи оваа појава, Македонија и најзасегнатите земји членки на ЕУ презедоа низа законски мерки, кои беа во спротивност со темелните човекови права и ја дискриминраа ромската заедница.

Бидејќи Ромите во Македонија беа претставени како виновници за можното суспендирање на визната либерализација, јавното мислење за припадниците на оваа заедница, која веќе се бори со општествена стигматизација, уште повеќе се влоши. Цел на обработка на овој документ се правните мерки и нивниот ефект врз Ромската заедница во Македонија.

  • Ромите во безвизниот режим - Документ за јавна политика_АНГ [.pdf 567KB]