Новости

Повик до организациите од граѓанското општество за изразување интерес за зачленување во Националните работни групи за следење на реформата на јавната администрација

Институтот за Европска Политика (ЕПИ) од Скопје (European Policy Institute, EPI), од името на регионалната Мрежа Мисли за Европа (Think for Europe Network) - TEN, во рамките на проектот ВеБЕР, ги поканува сите заинтересирани организации од граѓанското општество од Република Македонија да учествуваат во  формирањето и потоа во работата на Националните работни групи (НРГ) за следење на реформата на јавната администрација во Западниот Балкан.

Националната работна група е национален консултативен механизам кој овозможува учество на граѓанското општество во дијалогот со релевантните јавни власти за дефинирањето и следењето на процесите на реформа на јавната администрација (РЈА) во Западниот Балкан (ЗБ). Националните работи групи се основани во сите земји од Западниот Балкан, како дел од поширокиот консултативен механизам за дијалог за Реформата на јавната администрација во рамките на Платформата ВеБЕР, основата во Подгорица, во ноември 2016 г.

Националните работни групи овозможуваат дијалогот за РЈА да ги вклучи сите нивоа на ангажман на граѓанското општество, преку учество на граѓански организации од опфатените земји кои работат и на локално и на национално ниво.

Националните работни групи се отворени за членство на сите заинтересирани организации од граѓанското општество. Доколку сакате Вашата организација да стане членка, ве молиме, од името на Вашата организација, да ни доставите Писмо за изразување интерес, кое ќе вклучи и краток опис на претходните искуства на Вашата организација во областа на РЈА, а исто така Ве молиме да го пополните и Прашалникот во врска со оценката на потребите на организациите од граѓанското општество во однос на нивното учество во процесите поврзани со РЈА (линкот за Прашалникот е даден подолу во Повикот за изразување на интерес). Повикот за изразување на интерес е отворен до 7 март 2017 година.    
 

Повик до организациите од граѓанското општество за изразување интерес за зачленување во Националните работни групи за следење на РЈА
 

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА