Новости

ЕПИ со осуда на актуелните напади врз граѓанскиот сектор

Институтот за европска политика остро ги осудува таргетираните напади врз граѓанскиот сектор и говорот на омраза, како и разгорувањето на меѓуетничка нетрпеливост.  Тие водат само кон натамошни поделби во македонското општество и натамошно слабеење на меѓународната позиција на Република Македонија.

Ние опстојуваме на ставот дека единствено дијалог со целосно почитување на слободата на изразување и на здружување, на различните мислења, може да придонесе за стабилност и развој.