Новости

Годишен состанок на Мрежа 23

Членките на Мрежа 23 заедно со грантистите од проектот Мрежа 23+ на 02 февруари 2017 година одржаа  годишен состанок на кој подетално беа разгледани реализацијата на стратешкиот план и кодексот на Мрежа 23, учеството во мониторинг на Мрежа 23 и примената на МЕРЦ  дата базата.

Воедно членките и грантистите на Мрежа 23 одржаа и работилница посветена на подготовката на акциски план за развој на Мрежа 23 која беше организирана во рамките на проект организиран од страна на TACSO (Техничка поддршка на ЕУ за граѓанските организации) - македонска канцеларија, за развој и јакнење на капацитети на мрежи на НВО.