Новости

Семинар: СИГМА принципите за јавна администрација

На 31 јануари - 1 февруари 2017 година, Институтот за европска политика од Скопје како дел од проектот ВеБЕР, организираше дводневен семинар за граѓанските организации (ГО) во Македонија за СИГМА принципите за јавна администрација. Целта на семинарот кој беше организиран со СИГМА/ОЕЦД, беше да ги запознае граѓанските организации во Македонија со принципите за јавна администрација.

Настанот послужи како можност учесниците темелно да разговараат за секој принцип одделно и да дискутираат каде е Македонија во поглед на регионалните проценки. Повеќе од дваесет граѓански организации од сите краеви на земјата добија информации од прва рака од тројца експерти како претставници на СИГМА, околу пристапот на оваа организација кон процесот на реформа на јавната администрација.

На семинарот беше презентирана и методологијата на ВеБЕР, која проектниот тим ќе ја спроведува во наредните две години. Исто така беше промовирана регионалната грантова шема на ВеБЕР проектот, која грантира организации на локално ниво.

За повеќе информации во врска со проектот ВеБЕР, погледнете на www.par-monitor.org.