Новости

Повик за учество на семинар за начелата на јавна администрација

Место: Буши ресорт и спа, Скопје
Датум: 31 јануари - 1 февруари 2017 година
Јазик: Македонски/англиски

Институтот за европска политика во соработка со СИГМА/ОЕЦД(1) организира семинар за начелата на јавна администрација. Семинарот се спроведува во рамките на проектот за помош на граѓанското општество во Западниот Балкан за мониторинг на реформата на јавната администрација – ВеБЕР финансиран од Европската унија и ко-финансиран од Кралството Холандија. 

На семинарот ќе бидат претставени и објаснети начелата на јавна администрација подготвени од СИГМА. Начелата обезбедуваат дефиниција на добра јавна администрација кон којашто би требало да се стремат државите во процесот на пристапување. Начелата се и рамка за следење за на реформите и основа за подготовката на извештаите на Европската Комисија во оваа област.

Семинарот е во времетраење од 2 работни денови и ќе се одржи на 31 јануари - 1 февруари во Скопје. Истиот е наменет за претставници на граѓански организации кои работат на прашања поврзани со реформата на јавната администрација на национално и локално ниво. Семинарот има за цел да го подигне капацитетот на граѓанските организации во Република Македонија за мониторинг на реформата на јавната администрација.

Трошоците за семинарот (сместување доколку е потребно, како и патни трошоци) ќе бидат покриени од страна на организаторот. Семинарот ќе се одвива на англиски јазик со обезбеден симултан превод на македонски јазик.(2) Нацрт агендата е во документот во прилог. 

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи за пријавување најдоцна до 25 јануари 2017 година на електронската адреса vaska.ristovska@epi.org.mk со назнака Пријава за СИГМА семинар

  • ● Писмо со номинација со потпис и печат од директорот на организацијата;
  • ● Биографија на предложениот учесник/учесничка. 

За повеќе информации за проектот ВеБЕР погледнете на: www.par-monitor.org, или контактирајте не на contact@epi.org.mk или на тел.броеви: 02/3280110, 078343208.

Организаторот го задржува правото да го направи изборот на кандидатите.


  • (1) СИГМА е заедничка иницијатива на ОЕЦД и ЕУ, главно финансирана од ЕУ.
  • (2) Работен јазик на вториот ден e македонски.
  •  
  • [Повик и агенда] Семинар за начела на јавна администрација [.pdf 397KB]