Новости

Јавна дискусија: Алтернативно решавање на спорови

Институтот за европска политика организира дискусија за алтернативно решавање на спорови, како дел на проект за следење на реформите во областа на правдата, според Стратегијата за Југоисточна Европа 2020. На настанот ќе се обратат истакнати експерти од областа.

Настанот ќе се одржи на 2 декември 2016 година (петок) во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, со почеток во 9:30 часот.

Дискусијата е дел од проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“.

Проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“ е финансиран од Регионалниот совет за соработка, во рамките на спроведувањето на Стратегијата за ЈИЕ2020.