Новости

Тркалезна маса од проектот „Нега за негувател(к)ите“

Институтот за европска политика - Скопје на 28.11.2016 во „Јавна соба“ одржа тркалезна маса од проектот „Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина“. Проектот ги анализира политиките за долготрајна нега со фокус на лицата што пружаат неформална нега на стари, хронично болни и лица со попреченост во домашни услови. Како дел од проектот беше изработен еден краток документ за јавни политики, кој е темелен на интервјуа и фокус групи со клучни чинители, во периодот од последните шест месеци.

Дискусијата на настанот беше насочена кон можните мерки и политики за подобрување на статусот на неформалните негувател(к)и. На тркалезната маса, покрај другите учесници, беа присутни и претставници од центрите за социјална работа, невладини организации и експерти.

Со овој настан заврши проектот „Нега за негувател(к)ите“, кој е продолжение на истражувањето: „(Не)еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија“.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

  • Кој се грижи за негувателките и негувателите? - резиме за политики [.pdf 766KB]
  • Кој се грижи за негувателките и негувателите? - кратко резиме [.pdf 377KB]