Новости

Работилница „Поглавје 23 – Борба против корупција“

Во периодот 5 – 7 октомври 2016 година, се  одржа работилница посветена на областа Борба против корупција согласно структурата на Поглавјето 23. Оваа работилница беше наменета за членови на граѓанските организации кои се дел од Мрежата 23 и грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“ и директно или индиректно ќе бидат поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на нивните проекти кои се составен дел од грантовата шема, но и на нивните тековни активности. Работилницата ќе се искористи и за преглед на напредокот на тековните проекти што се спроведуваат од страна на грантистите, како и за осврт на процесот на известување.
 
Целите на работилницата се однесуваа на следново:
1. Запознавање со рамката на ЕУ и на другите меѓународни тела за борба против корупцијата и условеноста во оваа област во текот на пристапувањето;
2. Зголемување на знаењето за инструментите за борба против корупцијата, особено на граѓанското општество;
3. Зајакнување на капацитетите во борбата против корупцијата.

Секој учесник се стекна со знаење за инструментите на ЕУ во борбата против корупцијата. Воедно, беа споделени знаења и искуства меѓу граѓанските организации за активностите на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата. Во текот на работилницата беше направен осврт на досегашното спроведување на проектите на грантовата шема.

Линк од фото галерија


Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската унија.