Новости

Работилница „Поглавје 23 – Темелни права“

Во периодот 31 август – 2 септември 2016 година, се  одржа работилница посветена на областа Темелни права согласно структурата на Поглавјето 23. Оваа работилница беше наменета за членови на граѓанските организации кои се дел од Мрежата 23 и грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“. Организациите од мрежата се директно поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на нивните проекти кои се составен дел од грантовата шема, но и нивните тековни активности. Дополнително, на работилницата присуствуваа и претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за европски прашања, при Собранието на РМ.

 

Целите на работилницата се однесуваа на следново:

1. Запознавање со структурата за креирање информации, следење и евалуација на имплементација на политиките од Поглавјето 23.

2. Темелни права опфатени со Поглавјето 23.

3. Набљудување на остварувањето на темелните права и нивната заштита.

 

Учесниците се стекнаа со знаење за структурата на Поглавјето 23, механизмите за заштита на правата од Поглавје 23, методологијата за креирање на информативни, евалуациски и датабази за мониторинг на пристапните преговори. Воедно, се дискутираа искуствата, предизвиците и можните ризици при имплементацијата на проектите. Исто така, детално беше претставена алатката МЕРЦ.

Фото галерија.

Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската унија.