Новости

Обуки за создавање на политики

Како дел од проектот „Дијалози за визија“ беа одржани повеќе обуки со цел зголемување на капацитетот на граѓанските организации и истражувачите за создавање на политики темелени на докази.

Во продолжение ги објавуваме материјалите од обуките, со цел да бидат достапни на што повеќе граѓани и дека ќе бидат од корист за идни истражувања.

Обуката за македонскиот институционален контекст дава слика за институционалната поставеност, формалната поделба на власта, но и неформалната концентрација на моќта, вклученоста на засегнатите страни и останати елементи кои се клучни во дефинирањето на општествено-политичкиот систем во Република Македонија.

Проценката за влијание на регулативата (ПВР) е инструмент кој се употребува при создавањето на јавна политика, со цел да се увиди дали определено идно законско решение ќе го продуцира посакуваниот резултат. ПВР е составен дел од процесот на предлагање на законски измени од страна на Владата на Република Македонија.

Рамката за јавни политики ги дефинира клучните компоненти кои се потребни за создавање на успешна јавна политика, како и достигнување на успешна имплементација.

Обуката за подобрување на вештините за презентирање и комуницирање е дизајнирана со цел идеите и политиките кои ги граѓанските организации ги застапуваат, бидат на јасен и разбирлив начин пренесени на чинителите на кои им се обраќаат.

Линк до обуките: http://d4v.merc.org.mk/za-proektot

Проектот „Дијалози за визија“ е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.