IPA-DATA

Во рамки на овој проект беше креирана интернет алатка за следење на користењето на ИПА фондовите во Република Македонија, вклулувајќи и механизми за визуализација на податоците. Проектот успеа да го подигне интерестот на пошироката јавност и другите заинтересирани страни во искористеноста на ИПА. Датабазата нуди механизам за вклучување на заинтересираните страни во следењето на искористеноста на ИПА на национално и локално ниво, како и независни анализи и истражувања за ИПА фондовите.
ИПАДАТА овозможува симнување на сите податоци во отворен формат и со тоа отворање на добиените информации кон јавноста. Претставува иновативна платформа за независна анализа на ЕУ фондовите, вклучувајќи и неколку нивоа на параметри кои можат да бидат искористени при истражувањето. Базата ги вклучува националните придонеси (од државниот буџет како и сопствени сретства) за да се добие појасна слика за финансиската конструкција на проектот. Проектите се системско референцирани и поврзани со приоритетните оски и соодветните мерки како што се утврдени со Оперативните програми за сите пет компоненти од ИПА.
До сега анализата на ЕУ фондовите беше најчество фокусирана на нивото на искористеност (абсорпција). ИПАДАТА нуди платформа за подлабока анализа за содржината на финансираните проекти, усогласеноста со националните и ЕУ реформски процеси, хоризонтала квалитативна и квантитативна анализа на искористеноста на фондовите.
Анализа на искористеноста на ЕУ фондовите (согласно добиените податоци од ИПАДАТА):

http://www.epi.org.mk/docs/analiza_za_iskoristuvanjeto_na_sredstvata_od_ipa.pdf

IPA DATA