Галерија на слики

Работилница за Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во ЈИЕ

На 30 и 31 март во Белград, во рамките на проектот "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа" се оддржи дводневна работилница. На работилницата присуствуваа претставници од 3те организации членки на ТЕН мрежата - Центарот за европска политика (CEP) од Белград, Институт Алтернатива (IA) од Подгорица и Институтот за Европска Политика - ЕПИ од Скопје, како и 3те организации за заштита на потрошувачите - Национална организација за заштита на потрошувачите на Србија ( NOPS), Организација за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP) и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ). Учесниците се запознаа со клучните карактеристики на политиката за истражување во контекст на заштита на потрошувачите, развој на студиите и методите за собирање на податоци, со посебен акцент на интервјуата и фокус групите. Имајќи во предвид дека сите горенаведени организации учествуваат во развојот на заедничка студија за заштита на потрошувачите на општинските услуги, ова работилница се искористи како практичен начин да се дефинира прелиминарната листа на единиците на локалната самоуправа, комуналните услуги и клучните прашања од значење за понатамошното истражување.

Датум:

02.04.2015

Галерии