ЕПИ НЕТ

Во периодот февруари 2013 – април 2013, ЕПИ го спроведе проектот “Вградување на знаењето за ЕУ” со поддршка на Британската амбасада во Република Македониа со специфична цел – формирање на неформална мрежа на млади стручни лица кои своите постдипломски и докторски ги имаат завршено надвор од земјата во студии кои третираат теми поврзани со ЕУ.

ЕПИ успеа да создаде мрежа преку јавен повик во соработка со Британската амбасада, Амбасадата на кралството Холандија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Основачкиот настан на мрежата беше одржан во Берово од 22 до 24 февруари, 2013 година. На настанот беа поставени целите на проектот и визијата и мисијата на мрежата. Во текот на проектот беа одржани три дополнителни настани за вмрежување на членовите на мрежата.

Еден од резултатите на проектот беше публикувањето на 19 документи за јавна политика за тековни теми од процесот на пристапување на РМ. Вкупно 33 членови на мрежата учествуваа во оваа активност.

Линк 1

Линк 2

На 23 април беше одржана Конференција во Скопје на која беа претставени документите за јавна политика што воедно предизвика широк медиумски интерес. На Конференцијата присуствуваа заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и амбасадорот на Обединетото Кралство. На настанот беше претставена првата Анализа за недостатокот на експертиза за одредени ЕУ прашања во Република Македонија (линк до галерија)