News

Иницијатива за реформи

Група граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Национална дебата за ЕУ

Во отсуство на национална дебата за Европската Унија, ЕПИ ќе иницира инклузивен разговор со општествените чинители за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

ЕПИ за #Brexit

ЕУ да ја возобнови сопствената динамика на интегрирање, со што ќе донесе нова визија и наратив за интеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан.

Листа на граѓански организации-грантисти на проектот „Мрежа 23+“

Во рамки на грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“ поддржани се 9 граѓански организации кои ќе спроведуваат проекти за следење и евалуација на политиките од Поглавјетo 23 - правосудство и темелни права

Објавени истражувања

Во рамки на проектот Дијалози за визија ги објавуваме истражувањата во трите тематски области: демократија и владеење на правото, социо-економски развој и социјална кохезија.

Тркалезна маса "Дали е можен нов пристап на ЕУ кон Балканот?"

По повод петгодишнината од основањето на Институтот за европска политика, на 17 март 2016 година ЕПИ одржа тркалезна маса на тема "Дали е можен нов пристап на ЕУ кон Балканот?" во рамки на својот годишен Форум Еуропеум.

Завршна Конференција во рамки на проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“

На 9 (среда) март 2016 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа завршната конференција од проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ финансиран од УСАИД и имплементиран од ФООМ.

Покана за завршна конференција од проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“

ЕПИ ја има честа да ве покани да бидете дел од завршната конференција на проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“

Регионална Анализа на извештаите на Европската Комисија за земјите на Западен Балкан

Регионаната анализа е подготвена на база на претходно развиената методологија на ЕПИ. Во прилог на регионалната анализа и на инфограмот, кои даваат севкупна оцена на регионот, се анексите во кои е даден посебен осврт на извештаите за напредок на ЕК за секоја земја.

Тркалезна маса во рамки на проектот "Перцепции и ставови за примената на принципот на соодветна и правична застапеност"

Целта на тркалезната маса беше официјалното презентирање на резултатите од анкетата со 400 државни службеници, интервјуа со раководни службеници од централната и локалната власт и фокус група со преставници на синдикати, здруженија и стручно научната сфера .

Владеењето на правото во Западен Балкан

Механизам за демократија и владеење на правото преку спроведување на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права и Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, во Македонија, Србија и Црна Гора.

Мрежа 23 +

Во рамки на ИПА инструментот, ЕПИ започна со спроведување на проектот Мрежа 23 +