News

Тркалезна маса - Правична застапеност

На 25 ноември 2015 година во Хотел Солун - Скопје ќе се одржи тркалезна маса за проектот „Примената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“.

Отворен повик за истражувања

ЕПИ во рамките на проектот Дијалози за визија со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на истражувачки прикази/ документи за јавни политики со препораки/опции за политики и учество во јавни дебати во следниве тематски области: демократија и владеење на правото, социо-економски развој и социјална кохезија.

Дводневна работилница во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”

Институтот за европска политика (ЕПИ) заедно со Организацијата за заштита на потрошувачи на Македонија (ОПМ), во периодот 11.09 -13.09.2015 г. организираа дводневна работилница за BEUC, во рамки на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во југоисточна Европа”. Проектот е финансиран од GIZ, а го имплементира мрежата TEN – Think for Europe Network .

ТЕН Регионална конференција во Белград на 9-10 септември 2015 година

Конференцијата „Подобрување на успешноста на јавната администрација: досегашни искуства и идни предизвици“, организирана од членките на ТЕН мрежата, се одржува во Белград на 9-10 септември 2015 година.

Повик до политичките лидери за транспарентен и партиципативен процес на донесување на одлуките поврзани со Договорот од 2 јуни и 15 јули 2015 година

Платформата на граѓансќи организации за борба против корупцијата и Мрежата 23 упатува повик до сите вклучени страни во процесот на донесување одлуки за прашањата утврдени во Договорот на политичките партии и неговиот анекс за отвореност, транспарентност и вклучување на граѓанскиот сектор и сите засегнати страни.

Завршна конференција Мрежа 23

Целта на конференцијата е официјално претставување на Мрежа 23, граѓански организации кои активно беа вклучени во следењето и евалуацијата на политиките кои произлегуваат од Поглавјето 23 – правосудство и темелни права за членство на земјата во ЕУ.

„Симнување на дипломатските ракавици и нулта толеранција за кршењето на основните европски демократски вредности“

„Клучно е европските институции да опстојат на услови за овој систем на контрола да се демонтира, за да може да започне процес на обнова на демократијата во Македонија. Единствено тоа би било кредибилно застапување на европските вредности во Македонија. Таков пристап бара симнување на дипломатските ракавици и нулта толеранција за кршењето на основните европски демократски вредности“, децидна е Јорданова.

Влијанието на Турција врз евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан

Балканската мрежа за развој на граѓанско општетсво (БЦСДН) и Институтот за eвропска pолитика (ЕПИ) ја организираа јавната дебата „Преиспитување на процесот на проширување? Влијанието на евроинтеграцискиот процес на Турција на земјите од Западен Балкан“.

Работилница за Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во ЈИЕ

На 30 и 31 март во Белград, во рамките на проектот "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа" се оддржи дводневна работилница. Од ЕПИ Ардита Абази Имери, Програмски координатор за acquis и секторски политики учествуваше на работилницата.

Работилница на тема "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа"

Во рамките на проектот "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа" на 30 и 31 март во Белград, ќе се оддржи дводневна работилница каде што претставниците на ТЕН мрежата и организациите за заштита на потрошувачите од Србија, Црна Гора и Македонија ќе имаат можност да разговараат за аналитичката рамка и методите за прибирање на податоци со цел да се зајакнат капацитетите за застапување на правата на потрошувачите на општинските услуги во Југоисточна Европа

Почетен состанок на проектот "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во ЈИЕ"

Почетниот состанок на проектот "Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа" се одржа во Белград во февруари, 18-ти 2015 година. На состанокот од ЕПИ присуствуваше Ардита Абази Имери, Програмски координатор за секторски политики. Проектот е финансиран од страна на германската организација за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit) - ГИЗ, преку Отворен Регионален Фонд за Модернизација на Општинските услуги и се спроведува од страна на Think for Europe Network (TEN).

Меѓу најдобрите за 2015 година

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје за 2014-2015 според меѓународната организација Transparify доби највисока оценка (5) во делот на транспарентноста на донаторите

Учество на прва средба

УСАИД/ФООМ организираа прва средба на грантистите и обука за комуникација со јавноста, мониторинг и известување