News

Промовирана збирката на студии "Искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија"

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје на 18.12.2013 година во ЕУ Инфо Центарот одржа промоција на збирката на студии "Искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија" поддржана од фондацијата Фридрих Еберт - Скопје.

ЕПИ во Вин-Вин со Оливера Трајковска

д-р Малинка Ристевска Јорданова и г. Сашо Клековски со Оливера Трајковска на теми поврзани со понатамошниот тек на процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Тркалезна маса: МК-ЕУ која е стратегијата?

Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод објавувањето на овогодишниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија организира експертска тркалезна маса. Тркалезната маса ќе се одржи во среда 30 октомври 2013 година во Сити Хол центарот во Скопје од 9.30 до 12 часот.

Завршна конференција на проектот МАТРА "Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија "

Завршната конференција има за цел да ги претстави резултатите од спроведувањето на МАТРА прокетот, како и подготвените публикации кои се дел од проектот.

Конференција "Вградување на знаењето за ЕУ"

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје организира Конференцијата “Врадување на знаењето за ЕУ” на 24.04.2013 година (среда) во City Hall Center – Скопје со почеток во 09.30 часот. Конференцијата ќе ја отворат заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и Амбасадорот на Обединетото Кралство во РМ Н.Е. Кристофер Ивон.

Прес конференција на ЕПИ за програмата за следење на ЕУ фондовите во РМ

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Ве поканува на прес-конференција на 14.03.2013 (четврток), во Клуб на новинари со почеток во 11 часот. Прес-конференцијата се предвидува да трае еден час.

Тркалезна маса "Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во РМ"

Институтот за европска политика на 21.02.2013 (четврток) година во хотел Александар Палас со почеток во 10.00 часот ќе организира тркалезна маса на тема “Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија.”

Работилница за учесниците во рамки на проектот "Вградување на знаењето за ЕУ"

Во рамки на проектот "Вградување на знаењето за ЕУ", ЕПИ од 22 до 24 февруари 2013 година, ќе организира работилница за учесниците во хотел Аурора ресорт & спа, Берово. Целта на работилницата ќе биде усвојување на понатамошни цели и насоки за развој на неформалната мрежа на млади македонски експерти.

„Вградување на знаењето за ЕУ“ (Embedding EU expertise)

Институтот за европска политика (ЕПИ) започнува со реализација на нов проект „Вградување на знаењето за ЕУ“ поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото кралство (Британска амбасада во Република Македонија). Поттик за овој проект е недоволната искористеност на значителен број на млади експерти од Република Македонија кои своите постипломски студии ги завршија надвор од земјата.

Отпочнување на прокетот ИПА Дата

ЕПИ преку спроведување на проектот ИПА Дата, во рамки на грантот доделен од Балканскиот фонд за демократија (Balkan Trust for Democracy) има за цел да воспостави структуиран и незавизен механизам за документирање на сите документи и процеси поврзани со реализацијата на ИПА фондовите во Република Македонија.

„Пристапувањето во ЕУ: која е улогата на граѓанските организации?“

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во рамките на проектот Европа за граѓаните, предводен од Цензура-Плус Хрватска, во партнерство со Институтот за европскa политикa (ЕПИ) од Скопје организира работилница „Пристапувањето во ЕУ: која е улогата на граѓанските организации?“ која ќе се одржи на 16-ти јануари 2013 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот (Мито-Хаџивасилев Митев 52б) во Скопје