News

Следење на процесот на пристапување преку објавување на Месечник РМ-ЕУ

Ова е прво издание на месечникот Македонија-ЕУ. Во рамки на својата програма за следење на севкупниот процес на пристапување на РМ во ЕУ, на месечно ниво ќе се објавуваат ставовите на ЕПИ со цел придонес кон внатрешната дебата. Документот дава осврт на релевантни теми поврзани со процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Јавна расправа во Националниот совет за евроинтеграции за искористеноста на ЕУ фондовите

Во соработка со Националниот совет за евроинтеграции, на 5 ноември 2012 година, во Сорбанието на Република Македонија (сала Борис Трајковски) ќе се одржи јавна расправа по наодите утврдени во збирката на сутдии.

Промотивен настан „Решетe го спорот – Да, преку медијација” во Куманово

На 30 октомври 2012 година (вторник), во салата на Советот на општината во Куманово, со почеток во 13.30 часот Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје во соработка со Министерството за правда, во рамките на МАТРА проектот “Поддршка за подобрување на имплементацијата на медијацијата во Македонија” поддржан и финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија, одржаа промотивен настан „Решетого спорот – Да, преку медијација”.

Владата ќе субвенционира решавање спорови со медијација

Во рамки на реализација на проектот МАТРА на Кралството Холандија за унапредување на медијацијата во Република Македонија, Владата на Република Македонија одлучи од 2013 да субвенционира решавање на спорови со медијација

Полупразна или полуполна чаша

Колумна на директорот на Институтот за европска политика (ЕПИ), Д-р Малинка Ристевска Јорданова за дневниот весник "Нова Македонија" по повод завршувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво

Дијалог за Пристапниот дијалог

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 12.07.2012 година организираше тематска работилница “Дијалог за Пристапниот дијалог” во хотел Александар Палас. Работилницата ја отвори заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Д-р Теура Арифи

Промоција на публикацијата “Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена.”

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје на 20.06.2012 во просториите на Државниот завод за статистика организираше завршна конференција на проектот "Имплементација на заедничката рамка за проценка во Македонија врз основа на искуствата од Словачка” поддршан од Фондацијата Понтис и програмата SlovakAid на министерството за надворешни работи на Република Словачка.

ЕПИ дел од проектот на Националниот институт за демократија на САД (NDI) за "Учество на НВО секторот во законодавната иницијатива."

Институтот за европска политика (ЕПИ) беше избран како дел од програмата на НДИ за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во учеството во законодавните иницијативи во Собранието на Република Македонија. Проектот е поддржан со две обуки организирани од НДИ.

Иста содржина, нов пакет - отпочна пристапниот дијалог помеѓу РM и ЕУ.

На отпочнатиот Пристапен дијалог, според наше мислење, треба да се гледа како на модус за одржување на препораката за членство, како и за засилување на сега намаленото влијание на европските институции врз политичките процеси во Република Македонија

Балканска размена на искуствa

Во организација на Eвропскиот фонд за Балканот, Тинк-тенк фондот на Фондацијата Отворено Oпштество, Балканската фондација за демократија и Националната фондација за демократија се одржа регионална конференција за размена на искуства помеѓу невладините организации од земјите на Западен Балкан.