За нас

Мисија

Мисијата на ЕПИ е преку високо квалитетни истражувања и предлози за европски политики да обезбеди основа за дебата и решенија, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност.


Цели

  • Создавање на јавен простор за размена на мислења, со вклучување на носителите на одлуки и засегнатите страни во создавање на европски стратегии и политики
  • Зајакнување на свеста на јавноста и носителите на одлуки во процесот на пристапување
  • Промовирање на критичка мисла, истражувања и анализи во создавање и спроведување на стратегии и политики за евроинтеграција
  • Промовирање на регионална соработка и придонесување кон дебатата за проширување и европеизација на регионот и пошироко
  • Развивање на дијалог за евроинтеграција со граѓанското општество во Република Македонија, во регионот и во ЕУ
  • Активности

  • • Произведување на истражувања, студии, анализи и други материјали за анализа и спроведување на ЕУ политики
  • Објавување на мислења и предлози за стратегиите и политиките за пристапувањето во ЕУ
  • Следење на развојот на јавната дебата за ЕУ стратегиите и политиките
  • Организирање на конференции, тркалезни маси, јавни дебати и други форми на дијалог
  • Обуки посветени на евроинтеграциите
  • Објавување на брошури, списанија, книги и други публикации
  • Планирање и реализација на проекти
  • Вмрежување и комуницирање со други здруженија и организации со слични цели во земјата и во регионот преку размена на искуства и заедничко организирање на настани од регионално значење
  • Соработка со академски и други институции, невладини организации, бизнис секторот во земјата и во регионот